Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2020 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Предлог – ДУП за УЗ 3 дел од УБ 3.1 (помеѓу улиците „Едвард Кардељ“, „Енгелсова“, „Македонски Бранители“ и Обиколница), општина Неготино

Граници на опфатот сe: на север по осовината на улица ” Едвард Кардељ”, на исток по осовината на улица „Енгелсова”, на југ осовината на улица “Македонски Бранители” и на запад е осовината на Обиколницата.
Опфатот е со површина  од  1,7 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Предлог- ДУП за УЗ 3 дел од УБ 3.1 (помеѓу улиците „Едвард Кардељ“, „Енгелсова“, „Македонски Бранители“ и Обиколница), општина Неготино со технички број  04-53/2020 од  февруари, 2020 година, изработен од Трговско друштво за проектирање инженеринг градба и консалтинг ПАРАМЕТАР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10  (десет) работни денови и тоа   од  28.02.2020 година  до 12.03.2020 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 03.03.2020 година  во  14:00 часот во просториите на општина Неготино.

 
Close Search Window