Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува триесет и првата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 29.09.2023г. ( петок ) во 14.00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на Записник од 30 редовна седница на Совет на општина Неготино
2. Предлог – Одлука за пренамена и проширување на средства од Буџетот на Општина Неготино за 2023 година
3. Предлог- Решение за именување член на Управен одбор на ЈП „Комуналец“ Неготино
4. Предлог- Заклучок за усвојување Финансов извештај на ЈП „Комуналец“ Неготино за периодот 01.01.2023-30.06.2023 година
5. Предлог-Одлука за субвенционирање на ЈП Комуналец Неготино за изведба на приклучоци
6. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ЈОУДГ „Фемо Кулаков“ Неготино за учебната 2022/2023 година
7. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ЈОУДГ „Фемо Кулаков“ Неготино за учебната 2023/2024 година
8. Предлог – Одлука за прифаќање на донација od Добротворна фондација TzuXing ( Фондација ТХ (ТЕКС))
9. Предлог – Одлука за прифаќање на Донација за изработка на урбанистичко-планска документација-излез од Автопат А1 (,,Пријателство”) делница од кружен тек кај стар пат 103 за Гевгелија,магистрална улица,,Железничка”,до кружен тек на улица,,Маршал Тито”,Општина Неготино.
10. Предлог – Одлука за прифаќање на донација- Скулптура од авторот Илија Спасовски – Чендо
11. Предлог – Решение за доделување на финансиски средства
12. Предлог – Одлука за исплата на месечен надоместок на членовите на Комисија за урбанизам на општина Неготино