Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  („ Сл.гласник на општина Неготино  бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино“ бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува триесет и седмата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 31.08.2020 година   (понеделник) во  18,00 часот.
За седницата го предлагам следниот

                                        Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2020 година
2.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино
3.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации  
4.    Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за енергетска ефикасност
5.    Предлог- Изменување и дополнување на буџетот на општина Неготино  за 2020 година ( втор ребаланс)
6.    Предлог – Одлука за откажување на традиционалниот неготински панаѓур  
7.    Предлог- Одлука за определување на надомест за надворешен член на комисијата за урбанизам на општина Неготино
8.    Предлог- Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2021 година на општина Неготино  
9.    Предлог- Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2021 година на Локална библиотека „ Страшо Пинџур“ Неготино
10.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа  на ООУ „ Страшо Пинџур“ Неготино  за 2020-2021
11.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа  на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино за 2020 -2021
12.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа  на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино за 2020 -2021
13.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа  на ООМУ „ Владимир Арсовски “ Неготино за 2020 – 2021
14.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај  за работа  на ООУ „ Страшо Пинџур“ Неготино  за 2019-2020
15.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај  за работа  на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино  за 2019-2020
16.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај  за работа  на СОУ „ Св. Кирил и Методиј  “ Неготино  за 2019-2020
17.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај  за работа  на ООМУ „ Владимир Арсовски  “  Неготино  за 2019-2020
18.    Предлог –  Одлука за давање согласност на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ Неготино за формирање на паралелки со помал број ученици
19.    Предлог –  Одлука за давање согласност на ООУ „Страшо Пинџур“ Неготино за формирање на паралелки со помал број ученици
20.    Предлог – Одлука за давање согласност на Одлука за намален број на деца за почетокот на воспитно образовната 2020-2021 година
21.    Предлог- Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на пошетокот и завршетокот на работното време на ЈОУДГ„ Фемо Кулаков“ Неготино
22.    Предлог- Одлука за ослободување од плаќање на надомест на трошоци за користење услуги на деца кои се запишани во ЈОУДГ „ Фемо Кулаков“ Неготино

Close Search Window