Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува триесет и четвртата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 15.11.2023г. ( среда ) во 14.00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Записник од 33 редовна седница на Совет на општина Неготино
- Предлог – Програма за изменување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2023 година
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за Локален економски развој на општина Неготино за 2023 година
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за енергетска ефикасност во 2023 година
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2023 година
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Неготино во областа на социјалната заштита во 2023 година
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за заштита на животната средина на територијата на Општина Неготино за 2023 година
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2023 година
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за поставување урбана опрема на територијата на општина Неготино
- Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на општина Неготино за 2023 година ( ребаланс )
- Предлог – Заклучок за усвојување на Финансов извештај за работа општина Неготино за периодот 01.01.2023 – 30.09.2023 година
- Предлог – Решение за давање согласност на Правилник за измена и дополнување на Правилник за систематизација на работни места на ЈОУДГ „Фемо Кулаков “ Неготино
- Предлог – Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на Отворениот граѓански универзитет „НЕГОТИНО“ Неготино за 2024 година