Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Совет општина Неготино, Соопштенија|

Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа  ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува триесет и осмата   редовна седница на Советот на општина Неготино.

Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 25.01.2024 година   (четврток) во  15:00  часот.

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Усвојување на записник од 37 редовна седница на Совет на општина Неготино
  2. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Неготино за 2024 година
  3. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлука за извршување на буџет на општина Неготино за 2024 година
  4. Предлог – Одлука за избор на командир на полициска станица од општа надлежност Неготино
  5. Предлог –  Одлука  за кофинансирање во реализаија на проект “Подобрување на животната средина преку набавка на специјализирани возила и приклучна механизација во општините во Вардарски плански регион”
  6. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа за 2023 година на Локална библиотека „Страшо Пинџур“ Неготино
  7. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа за 2024 година на Локална библиотека „Страшо Пинџур“ Неготино
  8. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа за 2023 година на ОУ Музеј на град Неготино
  9. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа за 2024 година на ОУ „ Музеј на град  Неготино “ Неготино
  10. Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош
Close Search Window