Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Совет општина Неготино, Соопштенија|

Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа  ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на  Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува четериесет  и втората  редовна седница на Советот на општина Неготино.

Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 22.05.2024 година   (среда ) во  15  часот.

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д 

  1. Усвојување на записник од 41 редовна седница на Совет на општина Неготино
  1. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на територија на општина Неготино
  1. Предлог- Одлука за утврдување на нацрт план Детален урбанистички план за урбана единица 1 дел од блок 3 (помеѓу улиците „Маршал Тито и  „Никола Петров“)  Oпштина Неготино
  1. Предлог – Заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на буџет на општина Неготино за 2024 година за периодот 01.01.2024 – 31.03.2024 година
  1. Предлог – Одлука за изменување на Деловникот за работа на Совет на општина Неготино
Close Search Window