Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11 и 7/24), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 57 редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 29.04.2025 година ( вторник ) во 15:30 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 31 вонредна седница на Совет на општина Неготино
- Усвојување на записник од 55 редовна седница на Совет на општина Неготино
- Предлог- Програма за енергетска ефикасност за период 2025-2027 година на Општина Неготино
- Предлог – Програма за превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на територијата на општина Неготино за 2025 година
- Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлука за извршување на Буџетот на oпштина Неготино за 2025 година
- Предлог- Решение за давање согласност на Измена на Годишниот план за вработување за 2025 година на Општина Неготино
- Предлог – Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за утврдување на плати, додаток на плати и надоместоци на плати на вработените кои вршат административно – технички работи и помошни работи во општина Неготино
- Предлог – Одлука за определување на висината на комунална такса за користење на музика во јавни локали во општина Неготино
- Предлог – Одлука за преотстапување на парични средства за дотации на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино
- Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Управен одбор на ЈОУДГ „Фемо Кулаков“ Неготино
- Предлог – Заклучок за усвојување на Годишен извештај за финансиското работење на ЗЈП Стационар ШЕПА Кавадарци за периодот 01.01.2024 до 31.12.2024 година
- Предлог – Решение за давање согласност на Oдлука за утврдување на вредност на бодот за исплата на плати на административни службеници во Заедничко јавно претпријатие Региoнален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство „ СТАЦИОНАР ШЕПА “ Кавадарци
- Предлог – Решение за давање согласност на Oдлука за утврдување на вредност на бодот за исплата на плати на даватели на јавни услуги и помошно технички персонал во Заедничко јавно претпријатие Региoнален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство „ СТАЦИОНАР ШЕПА “ Кавадарци