С О О П Ш Т Е Н И Е
за повторно организирање на јавна презентација и јавна анкета
ДУП за урбана единица 6, дел од блок 19, општина Неготино
Граници на опфатот сe: на северозападната страна е улица „Пекарев“, на исток улица „Јане Сандански“ и на југозападната страна е улица „Ацо Аџи Илов “.
Опфатот е со површина од 1,17 ха.
Повторната јавната анкета и јавната презентација по ДУП за урбана единица 6, дел од блок 19, општина Неготино, со технички број 03-230/16 од февруари, 2021 година, изработен од „НИМАЕР“ ДООЕЛ Струга д.е. Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни денови и тоа од 26.02.2021 година до 04.03.2021 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 03.03.2021 година во 13.00 часот во просториите на општина Неготино.