Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

  РЕПУЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ЈП ,,ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО”
Бр.04-2/20
28.07.2021година

    Врз основа на член 37-м од Закон за јавните претпријатија (Сл.весник на РМ бр.38/96, 9/97, 6/02, 19/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16 и 64/18,), В.Д. Директорот на ЈП ,,ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО” Неготино во постапка на вработување на 9 (девет) даватели на услуги  по пат на јавен оглас во  ЈП ,,ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО” Неготино , ја донесе следната

О   Д   Л   У   К   А
За избор на кандидат за вработување на 9 (девет) даватели на услуги
                                                                     по пат на јавен  оглас

1.За извршител на работното место со шифра : шифра : KДР 03 05 Б02 050, и назив на работно место – Контролор на паркирање во Одделение за јавни паркиралишта на ЈП ,,ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО” Неготино се избираат кандидатите Борче Миленковиќ и Ѓорѓи Димитријов.

2.За извршител на работното место со шифра : KДР 03 05 А03 060 и назив на работно место – Раководител на Одделение за oддржување на спортски објекти  во Одделение  за спортски објекти се избира кандидатот Зоран Мечев.

3.За извршител на работното место со шифра : со шифра : KДР 03 05 В02 031 и назив на работно место – Општ работник  во Одделение за оддржување на спортски објекти  се избираат кандидатите  Кире Илиев и Маријан Стојанов.

4.Именуваните ќе бидат вработени на неопределено време за горенаведените работни места по конечноста на оваа одлука, за што ќе се донесе посебно решение за вработување.

5.Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.
                      
О б р а з л о ж е н и е
ЈП ,,ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО” Неготино , објави јавен оглас на ден 06.07.2021 година во дневните весници Нова Македонија, Слободен Печат, Коха, за потребата од вработување на 9(девет) даватели на услуги за следните работни места: 1)Контролор на паркирање со шифра: KДР0305Б02050, 6(шест)даватели на услуги, 2)Раководител на Одделение за oддржување на спортски објекти со шифра: KДР0305А03060, 1(давател на услуга) и за работното место 3)Општ работник со шифра: KДР0305В02031,  2 (даватели на услуги) , во ЈП ,,ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО” Неготино.
Комисијата за административна селекција на административен службеник на ден 22.07.2021 година во 10:00 часот во просториите на општина Неготино спроведе административна селекција за огласот број 01/2021, при што се утврди дека од пријавени вкупно 13 кандидати , од кои уредни 6 кандидати и 7 неуредни кандидати.
    На ден 27.07.2021 година  во 10:00 часот, во просториите на општина Неготино започна да се спроведува постапката на веродостојност на докази и интервју за огласот бр.01/2021 објавен на 06.07.2021  втора фаза од постапката. По спроведената проверка на веродостојност на докази и интервју за работа во просториите на општина Неготино ,  се објави  конечна ранг листа на кандидати од сите фази на селекција.

За работно место со шифра : KДР 03 05 Б02 050, и назив на работно место – Контролор на паркирање, 6(даватели на услуга).

Ред.бр.    Име и Презиме    Oсвоени бодови од Прва фаза    Oсвоени бодови од Втора фаза    Вкупно освоени бодови
1.    Ѓорѓи Димитријов    23    20    43
2.    Борче Миленковиќ    23    20    43
Од предложената ранг листа В.Д. Директорот на ЈП ,,ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО” Неготино ги избра прворангираниот и второрангираниот кандидат Борче Миленковиќ и Ѓорѓи Димитријов.

За работно место со шифра : KДР 03 05 А03 060 и назив на работно место – Раководител на Одделение за oддржување на спортски објекти , 1 (давател на услуга).
Ред.бр.    Име и Презиме    Oсвоени бодови од Прва фаза    Oсвоени бодови од Втора фаза    Вкупно освоени бодови
1.    Зоран Мечев    29    20    49

Од предложената ранг листа В.Д. Директорот на ЈП ,,ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО” Неготино го избра прворангираниот кандидат Зоран Мечев.

За работно место со со шифра : KДР 03 05 В02 031 и назив на работно место – Општ  работник  2(даватели на услуга).

Ред.бр.    Име и Презиме    Oсвоени бодови од Прва фаза    Oсвоени бодови од Втора фаза    Вкупно освоени бодови
1.    Кире Илиев    18    20    38
2.    Маријан Стојанов    18    20    38
3.    Иван Мицевски    16    10    26
Од предложената ранг листа В.Д. Директорот на ЈП ,,ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО” Неготино ги избра прворангираниот и второрангираниот кандидат Кире Илиев и Маријан Стојанов.

    
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против оваа одлука кандидатот кој не е избран има право на жалба во рок од 8 дена од објавувањето на оваа одлука на ВЕБ страницата на општина Неготино , до Управен одбор на ЈП ,,ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО” Неготино.                                                                                                                                   

Одлука

Close Search Window