Со богата програма која што оваа година Општина Неготино ја подготви во чест на Денот на градот – 8-ми Ноември, ќе биде одбележана 79-годишнината од ослободувањето на Неготино. Големиот број културни, спортски и други настани ќе се одржат од 6ти до 8ми ноември (понеделник – среда) на повеќе локации во општината, а Свечената седница на Советот на општината ќе се одржи во среда – 8 Ноември со почеток од 11.30 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” во Неготино.