Неготино како општина која прва во Република Македонија каде што се застапени лозови насади започна со чествување на верскиот празник „Св. Трифун“ со организирани настани, продолжи со негувањето на востановената традиција и денеска со низа настани на градскиот плоштад се одржа централната прослава. Од страна на свештено лице од МПЦ „Св. Атанасиј“ од Неготино се изврши чинот на осветување на виновата лоза со желби лозовите насади да бидат заштитени од болести и штетници, по што се изврши симболичното закројување на виновата лоза. Наздравувајќи со чаша вино и ракија, присутните на градскиот плоштад си посакаа богат и квалитетн род на лозјата, но и да добијат откупни цени и навремено плаќање на родот со што ќе можат да го валоризираат својот труд.
На централната прослава како градоначалник на општина Неготино, а по одржаниот натревар во дегустација на вина и ракии од индивидуални производители чии мостри беа оценувани од стручни лица-енолози, ги доделив наградите за прво, второ и трето место во категориите црвени вина, бели, вина, розе вина и ракии. Присутните на плоштадот имаа можност да уживаат и во богатата музичка програма со настап на Харизма бенд, Ориентал бенд, Мишко Крстевски, Дуо фортисимо и Екслузив бенд.
НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ И ЗА МНОГУ ГОДИНИ ПРАЗНИКОТ „СВЕТИ ТРИФУН“ !