Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Со низа активности на терен од петок до недела општина Неготино се вклучи во масовната еколошка акција „Генералка викенд“ организирана од „Мен енд Маунтен“ заедно со главните стратешки партнери Пивара Скопје и Пакомак.

Стотици волонтери од нашата општина од десеттина установи и институции, организации, граѓански, пензионерски и спортски здруженија и други заинтересирани граѓани викендов излегоа и чистеа на голем број локации на територијата на општина Неготино.

Акцијата, покрај во нашата општина, се спроведе во вкупно 81 општина во Македонија, а со ваквите активности симболично се покажува дека со секој килограм собран, селектиран и рециклиран отпад се придонесува за позелена општина со поздрава животна средина.

Општина Неготино од Министерството за земјоделие и Национални шуми за секој килограм собран отпад ќе добие по едно дрво кои дополнително ќе бидат засадени на соодветни за тоа локации.

Close Search Window