Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Урбанизам|

Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20 и 111/23), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2024 година  од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

за јавен увид за

Урбанистички Проект вон опфат на Урбанистички План со основна класа на намена Е1.8 – водови за пренос на електрична енергија за изградба на новопроектиран 10kV подземен среднонапонски кабелски вод со пресек 240mm² за поврзување на ТС1 (КП 241/5, КО Тимјаник) и ТС1 (КП 241/23 и КП 241/24, КО Тимјаник) со новопланиран среднонапонски А3 столб на постоен воздушен 10kV вод, КО Тимјаник и КО Неготино, Општина Неготино

 

Границите на проектниот опфат се:

– На југ започнува да се движи северно низ западната страна од дел од КП 1903/7, КО Тимјаник, потоа минува низ дел од КП 3677, КО Тимјаник. Влегува во КО Неготино низ западната страна на дел од КП 4203/2, КО Неготино и продолжува да се движи северно низ дел од КП 4203/1, КО Неготино. Потоа низ истата катастарска парцела се движи северозападно се до југоисточната граница на КП 11107, КО Неготино. Влегува во КП 11107, КО Неготино од југоисточната страна и продолжува да се движи северозападно до средина на катастарската парцела каде завршува границата на проектниот опфат.

Површина на проектниот опфат во рамки на опишаните граници изнесува 2328,69 м2 или 0.23 ха.

Должината на трасата на електричниот вод изнесува вкупно 1249.25m

Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 05.06.2024 до 19.06.2024 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.

Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.

Анкетен лист

UP za E1.8-KO Timjanik i KO Negotino_compressed

Close Search Window