Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија, Урбанизам|

Врз основа на член 29 став 5 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20 и 111/23), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2024 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино упатува:

Ј А В Е Н    П О В И К

за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Предлог на Измена и дополна на УПВНМ за лесна индустрија на дел од КП 556, КО Црвени Брегови 2, дел од КП 678, КП 679, KП 680, дел од КП 681, КП 762, КО Криволак, дел од КП 1000/1, дел од КП 1006/2 и дел од КП 4178/1, КО Неготино, Општина Неготино

Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека општина Неготино организира јавна презентација и јавна анкета за Предлог на Измена и дополна на УПВНМ за лесна индустрија на дел од КП 556, КО Црвени Брегови 2, дел од КП 678, КП 679, KП 680, дел од КП 681, КП 762, КО Криволак, дел од КП 1000/1, дел од КП 1006/2 и дел од КП 4178/1, КО Неготино, Општина Неготино.

Граници на опфатот сe:

  • на север границата се движи кон исток по КП бр. 678 од која опфаќа дел,
  • на исток границата се движи по источната граница на КП бр. 681 и продолжува кон јужна страна,
  • на југ границата се движи и ја опфаќа КП бр. 681 до пресек со локален пат и продолжува кон запад до пресек со регионален пат Р-103,
  • на запад границата се движи по осовина на регионален пат Р-103 до пресек со КП бр.678 на север.

Опфатот е со површина  од  345,64 ха.

Јавната анкета

Јавната анкета за Предлог на Измена и дополна на УПВНМ за лесна индустрија на дел од КП 556, КО Црвени Брегови 2, дел од КП 678, КП 679, KП 680, дел од КП 681, КП 762, КО Криволак, дел од КП 1000/1, дел од КП 1006/2 и дел од КП 4178/1, КО Неготино, Општина Неготино, со тех. бр. 04-64/2023 од  март, 2024 година ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино како и со објавување на планот во системот за е-урбанизам.

Јавната анкета ќе трае 30  (триесет) денови и тоа од  21.06.2024 година  до 22.07.2024 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 25.06.2024 година  во  10:00 часот во просториите на општина Неготино.

ПРЕДЛОГ НА ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА УПВНМ

 

Close Search Window