Од утрово (13.07 ) пожарот на Серта се гасне со воен хеликоптер и 2 авиони за гаснење пожари
Врз основа на дописот од Кризниот штаб на општина Неготино за поддршка од надлежните институции за вклучување во гаснењето на пожарот на планината Серта и остварената комуникација со одговорните лица, од утрово ( сабота 13.07. ) во гаснењето на пожарот се вклучени 1 воен хеликоптер и 2 авиони кои од воздух со испуштање количини вода прават напори пожарот да биде изгаснат.
Исто така, Кризниот штаб побара од Министерството за одбрана вклучување на војници на АРМ во гаснењето на пожарот, покрај постојните сили кои веќе неколку денови го гаснат пожарот од земја.
Од Кризниот штаб на општина Неготино апелираат до граѓаните за почитување на мерките и препораките дадени изминатите денови од кога е и активен пожарот на Серта.