Заклучоци од Штабот за заштита и спасување на Општина Неготино од седницата одржана на ден 13.07.2024 година
Во врска со актуелната состојба од настанатите пожари на територијата на општина Неготино се донесоа следните заклучоци:
- Состојбата е алармантна,досега ангажирани се сите расположиви ресурси.Неопходна е многу поголема поддршка. Потребно е од страна на Владата да се прогласи кризна состојба.
- Да се обезбеди комплетна опрема за против пожарна заштита,со цел да може при гасењето на пожарот да интервенираат поголем број лица
- Да се обезбеди дрон од СВР Велес и припадници на СВР Велес,кои ќе интервенираат при гасењето на пожарот
Штаб за заштита и спасување на општина Неготино