Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 17-в од  Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22 и 274/22) , Градоначалникот на општина Неготино донесе

 

О Д Л У К А 

За поништување на постапката за Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица  за избор на член на Управниот одбор на Заедничко јавно претпријатие Регионален Центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА  Кавадарци бр.01/24

 

СЕ ПОНИШТУВА  постапката за избор на еден член на Управниот одбор на Заедничко јавно претпријатие Регионален Центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА  Кавадарци бр.01/24 , објавен на ден 27.06.2024  година на веб страната на општина Неготино.

 

О б р а з л о ж е н и е

Општина Неготино , врз основа на донесената одлука од Советот на општина Неготино со бр.08-529/9 од 20.06.2024 година за распишување на Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за избор на член на Управен одбро на Заедничко јавно претпријатие Регионален Центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА  и условите предвидени за учество на јавниот повик во јавниот повик бр.01/24 година , до крајниот рок за доставување на потребната документација 11.07.2024 година , не се пријави ниту еден кандидат.
Имајќи го предвид горенаведеното , се одлучи како во диспозитивот на  одлуката.

Одлука за Шепа

Close Search Window