Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

Како градоначалник на општина Неготино донесов одлука за формирање на 2 комисии за утврдување на штетите од пожарите и врнежите од град.

Се информираат сите граѓани кои имаат претрпено материјални штети од големиот пожар во периодот од 10-ти до 23-ти август да пријават во просториите на општина Неготино во архивата и надлежната комисија за проценка на штетите во периодот од 22-ри до 27-ми август. Потребни документи се фотокопија од лична карта, од имотен лист или договор за закуп и записник од МВР и фотографии доколку ги имаат.

Исто така, формирана е и комисија за проценка на штетите предизвикани од елементарната непогода – силен ветер, дожд и град кои ја зафатија општина Неготино на ден 18-ти и 20-ти август. Потребни документи се копија од лична карта, од имотен лист или договор за закуп и изјава дека насадот не е осигуран во осигурителна компанија.

Пријавувањето трае до 27-ми овој месец (вторник ) секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот, а потребните документи се доставуваат до архивата на општина Неготино или до членовите на комисиите.

Close Search Window