Градоначалникот на Општина Неготино
Објавува
Барање за добивање Б –интегрирана еколошка дозвола
Согласно член 135 и 136 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13 и 44/15), до Градоначалникот на Општина Неготино доставено е барање Б – интегрирана еколошка дозвола (број 11-491/1 од 23.07.2024).
Подносител на барањето:
ДПТУ ВАРДАР ПЕСОК ДОО увоз-извоз Црвени Брегови Неготино
Адреса:
НАСЕЛЕНО МЕСТО БЕЗ УЛИЧЕН СИСТЕМ бр.17 Црвени Брегови-Неготино
Локација на инсталацијата:
КП 361 КО Црвени Брегови1, Општина Неготино
КП 529 КО Црвени Брегови2, Општина Неготино
Контакт лице:
Ламбев Јовица – Управител
Тел/фах :075/665-108
Категорија на инсталацијата:
Постројка за сепарација на песок.
Вид активности:
Инсталација за ископ и сепарирање на минерални суровини (песок и чакал).
Целокупната документација содржана во барањето и активностите кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита и унапредување на животната средина ќе биде достапна за заинтересираната јавност од 11.09.2024 до 11.10.2024 година во просториите на Општина Неготино на ул. ,,Ацо Аџилов“ бр.14 (Желкова куќа) 1440 Неготино, секој работен ден од 08-16 часот.
Контакт телефон: 071/219-073.