Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Претставници на Ротари клубот од Неготино денеска престојуваа во просториите на детската градинка Фемо Кулаков при што донираа елементи за опремување на сензорна соба.
Донацијата се состои од туба со меурчиња, справа за координација и рамнотежа, справи со боцки, огледало за телесна шема и сензорна опрема за визуелна перцепција, со што е создадено пријатно катче за релаксација.
Директорката на градинката Нада Најдова во свое лично име и во име на вработените и дечињата од градинката се заблагодари на донацијата со надеж дека соработката со Ротари клубот од Неготино ќе продолжи и во иднина.
Close Search Window