Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23 и 171/24), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2024 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за јавен увид за
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за
формирање на градежна парцела ГП1 со основна класа на
намена Г3 – Индустрија за склопување на финални производи,
сервисни услуги и производство на енергија од обновливи
извори на дел од КП 3881, Ко Неготино, Општина Неготино
Границите на проектниот опфат се:
– на североисток КП 3882
– на југозапад КП 4208, КП 3891/1 и КП 3891/5
– на североисток КП 3890/4 и КП 3891/5
– на југоисток КП 4208
Површина на проектниот опфат во рамки на опишаните граници изнесува 2726,06 м2 или 0.272 ха.
Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 29.11.2024 до 13.12.2024 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.
Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.