Неготино е првата општина во Република Македонија од вкупно 15 општини во кои до крајот на тековнава година е предвидена и веќе е започната реконструкција на игралиштата во населбата Саат кула.
Станува збор за проект кој се спроведува со финансиска поддршка од Министерството за спорт.
На терен работите интензивно се одвиваат и тоа со поставување на вештачка трева на фудбалското игралиште со димензии 42 на 24 метри според сите пропишани стандарди со што на истото ќе може да се игра фудбал во текот на целата година.
Ќе се постават и нови табли со кош и истите ќе бидат дислоцирани и поставени на дел од просторот каде што се тениските терени, при што половина терен ќе се користи за играње тенис, а другата половина за кошарка. Исто така, ќе се постави и нова урбана опрема, а постоечката ќе се санира.
Благодарение на одличната соработка што општина Неготино ја има со Министерството за спорт очекуваме и во иднина уште повеќе инвестиции во спортот и спортските терени.