Општина Неготино во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање кое се јавува како донатор на опремата обезбеди вкупно 240 нови, техничко исправни и функционални канти за отпад наменети за потребите на жителите на општината, и тоа како од градот, така и од населените места.
Станува збор за 240 канти за отпад од кои 120 се во жолта боја, а другите 120 се во сина боја. Во работниот кабинет го потпишав записникот за квалитативен и квантитативен прием на кантите, по што истите се предадени во владение на ЈП Комуналец чии стручни лица ќе извршат соодветна распределба и поставување на истите на локации каде што се најпотребни.