Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11 и 7/24), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 55 редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 14.03.2025 година ( петок ) во 14:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 54 редовна седница на Совет на општина Неготино
- Предлог- Заклучок за усвојување на Извештај за извршен годишен попис на Општина Неготино за 2024 година
- Предлог- Заклучок за усвојување на Годишна сметка на буџетот на општина Неготино за 2024 година
- Предлог – Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на Општина Неготино за 2024 година
- Предлог – Заклучок за усвојување на Финансиски извештај на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино за периодот од 01.01.2024 – 31.12.2024 година
- Предлог – Заклучок за усвојување на Финансиски извештај на ЈП „ Комуналец “ Неготино за периодот од 01.01.2024 – 31.12.2024 година
- Предлог- Заклучок за усвојување на Годишна завршна сметка на Заедничко јавно претпријатие Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство – СТАЦИОНАР ШЕПА Кавадарци за 2024 година
- Предлог- Заклучок за усвојување на Финансиски извештај на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино за 2024 година
- Предлог- Заклучок за усвојување на Финансиски извештај на ООУ „ Страшо Пинџур “ Неготино за 2024 година
- Предлог- Заклучок за усвојување на Финансиски извештај на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино за 2024 година
- Предлог- Заклучок за усвојување на Финансиски извештај за ООМУ „ Владимир Арсовски “ Неготино за 2024 година
- Предлог- Заклучок за усвојување на Финансиски извештај на ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино за 2024 година
- Предлог- Заклучок за усвојување на Финансиски извештај на „ Музеј на град Неготино “ Неготино за 2024 година
- Предлог- Заклучок за усвојување на Финансиски извештај на Локална библиотека „ Страшо Пинџур “ Неготино за 2024 година
- Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на административните службеници ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино за 2025 година
- Предлог- Решение за давање согласност на Годишен план за вработување на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино за 2026 година
- Предлог – Мислење по Програмата за екскурзии, излети и други вонучилишни активности во ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино за учебната 2024/2025 година
- Предлог – Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-149/5 од 25.02.2025 на Управниот одбор на ЈП „ Комуналец “ Неготино за висина на цена за извршени активности за одржување на локални патишта на подрачјето на општина Неготино во зимски услови
- Предлог- Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-149/6 од 25.02.2025 на Управниот одбор на ЈП „ Комуналец “ Неготино за висина на цена за машинско пометување
- Предлог – Решение За давање согласност на Одлука за расход на компјутерска опрема и друг електронски отпад бр. 02-2/3/16 од 27.02.2025 година на УО на ООУ „Страшо Пинџур “ Неготино