Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23 и 171/24), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2025 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за јавен увид за
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план на Г.П.1.04 за изградба на комплекс со намена Г 4 – згради за индустриски сервиси, резервоари, силоси и складишта, со поединечна намена Г4.5 градби за чување и складирање на енергија на дел од КП 461, КП 429/2, КП 429/5, КП 429/6, КП 429/8(цела), КП 428/6, КП 428/15, КП 428/17, КП 428/18, КП 457, КП 453, КП 454, КП 472/3, КП 428/7, КП 429/10, КП 429/1, КП 429/4, КП 472/1 за КО Дуброво, општина Неготино
Во границите на проектниот опфат се
Север-северозапад од точка 1, по северна граница на КП 462 каде опфат до точка 2, на североисток границата ги сече КП 461, КП 429/6, КП 429/8, КП 472/3, КП 428/8 за да продолжи до точка 3 и на југоисток оди до северна граница на КП 450, од каде врти до точка 4, на југозапад сечејќи ги КП 453, КП 454, КП 428/18, границата доаѓа до почетна точка од опфатот.
Површина на проектниот опфат во рамки на опишаните граници изнесува 69 607,7 м2.
Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 25.03.2025 до 08.04.2025 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.
Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.