Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23 и 171/24), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2025 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за јавен увид за
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план на Г.П.1.03 за изградба на комплекс со намена Г 4 – згради за индустриски сервиси, резервоари, силоси и складишта, со поединечна намена Г4.5 градби за чување и складирање енергија на дел од КП 450, КП 449, КП 446, КП 445/1, КП 428/4, КП 428/20 (цела), КП 428/14 (цела), КП 429/4, КП 428/15, КП 472/3, КП 428/6, КП 428/5, КП 428/19, КП 428/12, КП 428/13, КП 429/2, КП 429/5, КП 429/3 за КО Дуброво,општина Неготино
Границите на планскиот опфат се дадени описно по границите на парцели:
– северо – исток границата на опфатот ги сече КП 428/12, КП 428/19, КП 428/5 и КП 428/6,
– северо – западна страна, границата ги сечи следните катастарски парцели КП 428/6, КП 472/3, КП 428/15, КП 429/2, КП 429/5 и граничи со КП 453.
– југо – западната страна опфатот ги сече КП 449, КП 446 и КП 445/1 и на крај границата се затвара така да се движи и ги сече следните катастарски парцели КП 445/1, КП 428/4, КП 428/13 и КП 428/12.
Површина на проектниот опфат во рамки на опишаните граници изнесува 89 540.74 м2.
Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 25.03.2025 до 08.04.2025 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.
Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.