Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

На ден 15.03.2025 година согласно Програмата за активности на Пчеларското здружение ,,Неготински мед,,-Неготино, се одржа еднодневна работилница со едукација во Апицентарот во с.Вешје-Неготино на тема,,Примена и функционалност на пчеларски апипрактики во Велика Британија и Нов Зеланд кои се на високо светско ниво. Предавач и едукатор беше познатиот пчелар практичар Симеон Најдовски од Битола кој живеел и директно би вклучен повеке од 12 години во овие апипрактики. Свое активно учество зедоа 23 членови на ПЗ ,,Неготински мед,,-Неготино, при што беше изразен огромен интерес за овие образложени пчеларски практики усно и со низа автентични фотографии од теренското работење..

Close Search Window