Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во кругот на просториите на ОВР Неготино со присуство на вработени и гости на настанот, се одбележа 7- ми мај – Денот на македонската полиција.

По тој повод, со положување свежо цвеќе на спомен бистата на загинатиот бранител во воениот конфликт во 2001 година Косте Волканоски претставници на повеќе делегации и колеги полицајци му оддадоа достојна почит на загинатиот припадник на македонската полиција.

Како градоначалник на општина Неготино на сите припадници на МВР од општината и државата им го честитам Денот на македонската полиција со уверување дека и во иднина, како и досега, преку совесно, чесно и професионално работење ќе им служат на сите граѓани и ќе ги штитат нивната лична безбедност и имот.

Close Search Window