Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Како градоначалник на општина Неготино и оваа, како и предходните години, на пригодна свеченост им доделив парични награди на учениците и менторите од 4-те училишта во општина Неготино кои освоиле прво, второ и трето место на државни и меѓународни натпревари и исклучително сум горд што нивниот број секоја година континуирано се зголемува.

Најпрво вредносни ваучери  во висина од 10.000 денари им доделив на учениците на генерација во двете основно училишта и тоа Илина Ставрова од ООУ Гоце Делчев и на Андон Крстев од ООУ Страшо Пинџур, а на настанот беше присутен и ученикот на генерацијата во СОУ Св. Кирил и Методиј Кирил Димитров кој својот ваучер го доби предходно, а ја искористи можноста да им се обрати на присутните на настанот.

Денеска доделивме награди од 5.000 денари за ученици освојувачи на прво место, 4.000 денари за второ, а 3.000 денари за освојувачите на трето место, колку што добија и сите ментори на учениците.

Беа наградени 12 ученици и 3 ментори од ОМУ Владимир Арсовски, 11 ученици и 8 ментори од ООУ Гоце Делчев, 16 ученици и 8 ментори од ООУ Страшо Пинџур и 10 ученици и 8 ментори од СОУ Св. Кирил и Методиј.

ЧЕСТИТКИ И МНОГУ УСПЕХ НА СИТЕ УЧЕНИЦИ И МЕНТОРИ !

Close Search Window