Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

Ја продолжуваме традицијата на организирање и одржување на една од најстарите манифестации од ваков вид во Република Македонија – Неготински панаѓур.

На седницата на Советот на општина Неготино советниците ја усвоија Програмата за поставување на урбана опрема на јавни површини на градежно земјиште во градското подрачје на територијата на општина Неготино за време одржувањето на Неготинскиот панаѓур во деновите недела, понеделник и вторник, 21, 22 и 23 септември, оваа година.

Според одговорните во општинската Комисија задолжена за организирање на манифестацијата, на заинтересираните за изложување и продавање на стока ќе им бидат на располагање вкупно 706 тезги распределени во 6 зони и со цена по метар должен во зависност од зоната и атрактивноста на локацијата каде се поставени тезгите.

Активностите за организирање на панаѓурот се веќе започнати со цел, како и предходните години, така и оваа година манифестацијата да помине во најдобар ред и со голем број гости од општината, регионот и од цела Македонија.

Close Search Window