Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02 и Сл.весник на РСМ бр.202/24), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на Општина Неготино “ бр.3/06, 2/11 и 7/24), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 63 редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 12.09.2025 година ( петок ) во 13:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на записник од 62 редовна седница на Совет на општина Неготино
2. Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во општина Неготино во деновите 19, 21 и 22 септември 2025 година (за време на Неготинскиот панаѓур 2025 )
3. Предлог – Одлука за определување на висината на надоместок за користење на Градскиот плоштад во општина Неготино за поставување на маси, шанкови и урбана опрема на ден 19.09.2025 година за Неготинска музичка вечер 2025 година
4. Предлог- Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2026 година на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино
5. Предлог- Решение за давање согласност на Одлука за покривање на материјална и нематеријална штета и процесни трошоци во судски постапки и постапки за медијација против ЗЈП СТАЦИОНАР ШЕПА Кавадарци за надомест на штета како последица од каснување од бездомни кучиња за период до 31.12.2025 година
6. Предлог – Решение за давање согласност на Одлука за утврдување на цените на услугите за третман на заловено сопственичко куче во ЗЈП СТАЦИОНАР ШЕПА Кавадарци
7. Предлог – Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичката планска документација
8. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишен извештај за работа на ООУ „ Страшо Пинџур “ Неготино за 2024/2025 година
9. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишнaта програма за работа на СОУ„ Св. Кирил и Методиј “ Неготино за учебната 2025/2026 година
10. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишен извештај за работа на СОУ„ Св. Кирил и Методиј “ Неготино за учебната 2024/2025 година