Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

По завршувањето на локалните избори 2025 година и објавувањето на официјалните резултати од Државната изборна комисија, на пригодна свеченост во салата за состаноци на општината беа доделени уверенијата на новата градоначалничка на општина Неготино Марија Нацева и на 15-те советници во Советот на општина Неготино.

Со денешниот чин се официјализираше изборот за градоначалничка на Марија Нацева која им се заблагодари на граѓаните на општина Неготино за добиената доверба, но и за нивниот придонес изборниот процес да помине во фер и демократска атмосфера и високото ниво на достоинствено и културно однесување. Градоначалничката Нацева им го честиташе изборот на новите советници посакувајќи им успешна и плодна работа во интерес на граѓаните на општина Неготино и изрази надеж дека со взаемна соработка во наредните 4 години ќе се реализираат бројни проекти за подобрување на севкупните услови за живеење и функционирање на територијата на општина Неготино.

Close Search Window