Со чинот на примопредавање на функцијата од страна на досегашниот градоначалник Горан Стојанов, Марија Нацева и официјално стапи на функцијата градоначалничка на општина Неготино.
Според Нацева, општина Неготино влегува во нов период на развој со реализација на конкретни проекти и вистински резултати за добробит на сите граѓани на општината.
Градоначалничката Нацева истакна дека посветеноста и силната волја да му служи на својот народ се основа на секој нејзин иден чекор. Нацева додаде дека секој проект, секоја иницијатива и секоја одлука ќе бидат во функција на една цел – подобро, поорганизирано и поубаво Неготино.


