Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ- Центар за вработување Неготино и општина Неготино, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Општина Неготино на ден 17.11.2025 објавува

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Социјална услуги за стари лица во домашни услови”за работно ангажирање  од 18 месеци  да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со  работно време од 40 (четериесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман 18 (осумнаесет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 28 000 денари бруто износ за времетраењето на работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

-7 негователи на стари и изнемоштени лица

Потребни кфалификации за работно место:

Лицето треба да е активен барател на работа и да поседува сертификат за помош и нега на стари и изнемоштени лица.

 

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино во периодот од17.11.2025година до24.11.2025. Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Неготино и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Неготино кај лицето Слободанка Кртева, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино кај лицето Елена Лазова,  Центар за социјлна работа Неготино кај лицето Весна Велјанова, и Аница Карафилоска – општина Неготино.

Јавен повик

Close Search Window