Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева го отвори и зеде активно учество на регионалниот форум на тема „ Предуслови за одржливо управување со отпад – основа за циркуларна економија и исполнување на обврските од Зелената агенда“.

Настанот беше убава можност преку дискусиите и препораките за преземање на понатамошните чекори да се постави основа за поефикасна и попродуктивна координација меѓу сите релевантни чинители како што се локалните власти, комуналните претпријатија, образовните установи, приватниот сектор и државните институции во насока на остварувањето на зацртаните цели, а тоа е да се идентификуваат приоритетите, пречките и можностите за воспоставување одржливо управување со отпад во општините од вардарскиот регион, како предуслов за развој на циркуларната економија и зајакнување на регионалниот и локалниот рамномерен економски развој.

Close Search Window