Градоначалничката Нацева изврши увид во реализираните активности во Детската градинка „Фемо Кулаков“ во клонот Пролет каде што се изврши комплетна замена на старите и оштетени дрвени прозорци и врати во нови ПВЦ елементи. Реализацијата на целиот проект чинеше 1.167.218 денари со ДДВ.
Со оваа инвестиција се обезбеди подобар термален комфор и помала потрошувачка на електрична енергија, подобрена е звучната изолација, безбедноста на дечињата и вработените, самиот објект доби помодерен изглед, а сето заедно придонесува за поголема функционалност на сите вработени во клонот Пролет во детската градинка во Неготино.



