На градскиот плоштад во Неготино трета година по ред се одржа манифестацијата „Неготинско младо вино“ – настан преку кој се славеше младото вино и неготинската традиција.
На поставените штандови со свои производи се претставија семејни винарии од нашата општина, можеше да се вкусат неготинска пита и пица, се дегустираше неготински мед и маџун или накратко, на едно место беа вкусовите на нашата традиција.
Настапите на Дани Димитровска и на Фолклорниот ансамбл „ Ацо Ѓорчев“ создадоа пријатна атмосфера во која уживаа присутните на плоштадот.


