Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева присуствуваше на Националната конференција „ Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа „ што се одржа во Скопје каде ја потпиша и Декларацијата за безбедност во сообраќајот на патиштата. Обраќања на конференцијата имаа заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николовски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Орце Ѓеоргиевски и претседателот на РСБСП Горан Амгеловски.
На форумот беа разменети мислења, искуства и позитивни практики со сите градоначалници, како и со надлежните институции, со цел за подобрување на сообраќајната безбедност во локалните самоуправи, бидејќи само со заедничка и координирана активност улиците и патиштата во општините ќе бидат побезбедни за сообраќај.

