Врз основа на член 79 став 1 точка 29 од Статутот на општина Неготино („Сл.гласник на општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 , 16/14 ,13/20 и 3/22) , член 17-а став 2 17 –ѓ став 4 од Закон за јавни претпријатија ( Сл. весник на РМ бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 9/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 , Сл.весник на РСМ бр. 35/19, 275/19, 89/22 и 274/22, 208/24 и 193/25) и Правилник за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на Управен и Надзорен одбор на јавно претпријатие , начинот на поднесување на пријавата , обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите ( „ Сл. весник на РСМ ’ бр. 213/24) Советот на општина Неготино, објавува
Јавен повик бр.03/2025 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на Управен одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино
Јавниот повик се однесува за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на Управен одбор на Јавно претпријатие за јавни паркиралишта „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино .
Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино е основано од страна на Советот на општина Неготино со приоритетна дејност 52.21 Услужни дејности поврзани со копнениот превоз.
Надлежности на ЈП се и Изградба на други објекти од нискоградба, електроинсталатерски работи и работа на спортски објекти.
Веб страница на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино е jpparkinzinegotino@yahoo.com.
Јавниот повик се распишува за членови на Управниот одбор на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ со мандат од 4 години. Управниот одбор е составен од 5 члена .
Кандидатот за член на Управниот одбор на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО„ Неготино треба да ги исполнуваат следните услови :
– Да е државјанин на Република Северна Македонија
– Да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование и
– Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија ,дејност или должност.
Секој од кандидатите треба да има најмалку пет години работно искуство од кои:
– Најмалку еден од членовите на Управниот одбор треба да има работно искуство од 5 години од областа на финансиското работење и
– најмалку еден членовите на Управниот одбор треба да има работно искуство од 5 години од областа на правните работи.
Кандидатот кон пријавата треба да ја приложи следната документација:
– Образец за пријавување
– Државјанство на Република Северна Македонија
– Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование ( соодветно за местото за кое се пријавува)
– Потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна забрана за вршење професија дејност или должност
– Доказ за соодветно работно искуство наведено во јавниот повик( потврда од ФПИОСМ за евидентиран стаж)
– Кратка биографија
– Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени односно акредитирани институции за нивно издaвање согласно закон.
Заинтересираните кандидати потребната документација потребно е да ја достават во хартиена форма (оригинал или копија заверена на нотар ) заедно со пополнета Пријава на образец за пријавување на јавен повик , со назнака на кој Јавен повик се однесува и да ја достават до Архивата на општина Неготино на ул.„Ацо Аџи Илов “ бр.2 најдоцна до 09.12.2025 година.
Рокот за пријавување изнесува 5 дена од денот на објавување на јавниот повик.
Образецот за пријавување на јавен повик е составен дел на овој Јавен повик.
Член на УО на ЈП не може да има лично , преку трето лице или по било која основа интереси во претпријатието кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие.
Документација доставена по истек на рокот за пријавување нема да биде разгледувана.
Постапката на селекција на кандидатите за член на Управен одбор на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО„ Неготино ќе ја спроведе Комисија за селекција формирана од страна Советот на општина Неготино.
Постапката на селекција на кандидатите за член на Управен одбор на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО„ Неготино ќе ја спроведе Комисија за селекција во две фази :
– Административна селекција ( завршува најдоцна најдоцна во рок од 10 дена по истекот на рокот за пријавување на кандидатите)
– Интервју ( со кандидатите што успешно ја завршиле административната селекција, се спроведува најдоцна 10 дена од денот на завршување на административната селекција) .
Точното време и место на одржување на интервјуто ќе се објават на веб страната на општина Неготино.
По завршување на фазите на селекција комисијата подготвува и до основачот на јавното претпријатие доставува ранг листа , од најмногу 10 најдобро рангирани кандидати најдоцна 10 дена од денот на завршување на интервјуто.
Советот на општината во рок од 15 дена од приемот на предлогот ќе изврши соодветен избор и ќе донесе одлука за именување на членови на Управниот одбор на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино.
СОВЕТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО
Претседател
Лилјана Арсова Митрова
Јавен повик за УО на ЈП Паркинзи Неготино 2025
