Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Совет општина Неготино, Соопштенија|

Врз основа на член 79 ст.1 т. 29 од Статутот на општина Неготино („Сл.гласник на општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 , 16/14 ,13/20 и 3/22) , член 26 и и 26-а од Закон за јавни претпријатија ( Сл. весник на РМ бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 9/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 , Сл.весник на РСМ бр. 35/19, 275/19, 89/22 и 274/22, 208/24 и 193/25) и Правилник за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на Управен и Надзорен одбор на јавно претпријатие , начинот на поднесување на пријавата , обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите ( „ Сл. весник на РСМ ’ бр. 213/24) Советот на општина Неготино, објавува
Јавен повик бр.04/2025 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на Надзорен одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино

Јавниот повик се однесува за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на Надзорен одбор на Јавни претпријатие за јавни паркиралишта „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино .
Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино е основано од страна на Советот на општина Неготино со приоритетна дејност 52.21 Услужни дејности поврзани со копнениот превоз.
Надлежности на ЈП се и Изградба на други објекти од нискоградба, електроинсталатерски работи и работа на спортски објекти.
Веб страница на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино е jpparkinzinegotino@yahoo.com.
Јавниот повик се распишува за членови на Надзорен одбор на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО„ со мандат од 4 години. Надзорниот одбор е составен од 3 члена .
Кандидатот за член на Надзорниот одбор на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО„ Неготино треба да ги исполнуваат следните услови :
– Да е државјанин на Република Северна Македонија
– Да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование и
– Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија ,дејност или должност.
Освен општите услови член на надзорен одбор на јавните претпријатија треба да имат соодветно работно искуство и тоа:
– Член на Надзорниот одбор треба да има најмалку 5 години работно искуство

– Член на Надзорниот одбор треба да има најмалку од 5 години работно искуство од областа на финансиското работење и
– Член на Надзорниот одбор треба да има најмалку 5 години работно искуство од од областа на правните работи.
Кандидатот кон пријавата треба да ја приложи следната документација:
– Образец за пријавување
– Државјанство на Република Северна Македонија
– Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование ( соодветно за местото за кое се пријавува)
– Потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна забрана за вршење професија дејност или должност
– Доказ за соодветно работно искуство наведено во јавниот повик( потврда од ФПИОСМ за евидентиран стаж)
– Кратка биографија
– Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени односно актредитирани институции за нивно издaвање согласно закон.
Заинтересираните кандидати потребната документација потребно е да ја достават во хартиена форма (оригинал или копија заверена на нотар ) заедно со пополнета Пријава на образец за пријавување на јавен повик , со назнака на кој Јавен повик се однесува и да ја достават до Архивата на општина Неготино на ул.„Ацо Аџи Илов “ бр.2 најдоцна до 09.12.2025 година.
Рокот за пријавување изнесува 5 дена од денот на објавување на јавниот повик.
Образецот за пријавување на јавен повик е составен дел на овој Јавен повик.
Член на НО на ЈП не може да има лично , преку трето лице или по било која основа интереси во претпријатието кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие.
Документација доставена по истек на рокот за пријавување нема да биде разгледувана.
Постапката на селекција на кандидатите за член на Надзорен одбор на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО„ Неготино ќе ја спроведе Комисија за селекција формирана од страна Советот на општина Неготино.
Постапката на селекција на кандидатите за член на Надзорен одбор на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО„ Неготино ќе ја спроведе Комисија за селекција во две фази :
– Административна селекција ( завршува најдоцна најдоцна во рок од 10 дена по истекот на рокот за пријавување на кандидатите)
– Интервју ( со кандидатите што успешно ја завршиле административната селекција, се спроведува најдоцна 10 дена од денот на завршување на административната селекција) .
Точното време и место на одржување на интервјуто ќе се обават на веб страната на општина Неготино.

По завршување на фазите на селекција комисијата подготвува и до основачот на јавното претпријатие доставува ранг листа , од најмногу 10 најдобро рангирани кандидати најдоцна 10 дена од денот на завршување на интервјуто.
Советот на општината во рок од 15 дена од приемот на предлогот ќе изврши соодветен избор и ќе донесе одлука за именување на членови на Надзорен одбор на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино.

СОВЕТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО
Претседател,
Лилјана Арсова Митрова

Јавен повик за НО на ЈП Паркинзи Неготино 2025

Образец

Close Search Window