Во рамките на одбележувањето на 3-ти декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост во нашиот град се одржа Регионален форум за пристапноста како дел од проектот „ Да се соочиме со предизвиците и стигматизацијата “. Главен акцент на настанот беше ставен на пристапноста, прифатот и третманот на лицата со попреченост во здравствениот систем на нашето општество, а значаен дел беше посветен на инклузијата и еднаквите можности за лицата со попреченост со сите сфери на општествениот живот.
Форумот за отворен го прогласи градоначалничката на општина Неготино Марија Нцева која во своето обраќање истакна дека општина Неготино е лидер во процесот на деинституционализација во Република Македонијам процес кој започна пред повеќе од 20 години и кој резултираше со отворање на мали групни домови во кои престојуваат штитениците од Порака. Нацева додаде дека во изминатиот период нашата општина имаше, има и ќе има одлична и конструктивна соработка со Порака преку директна или индиректна поддршка на активностите кои ги реализираат, а поддршката на локалната власт е континуирана.

