Почитувани сограѓани и земјоделци,
ве известуваме дека мерните станици повторно се ставени во функција и истите се достапни преку апликацијата MELVINE.
➡️Апликацијата можете да ја превземете на следните линкови:
https://play.google.com/store/apps/details?id=app.melvine
https://apps.apple.com/mk/app/melvine/id6744105636
user name:vardarski@agrio.mk
pass:vardarski123
Најава за настанот: „Паметно земјоделство – Со прецизни податоци до подобар принос“
Во време кога климатските промени стануваат најголемиот предизвик на отворено, навремената информација е клучна за опстанокот на секој насад.
➡️За таа цел Ве известуваме дека во понеделник (22.12.2025) во 12 часот во салата на општина Неготино ќе се одржи презентација од стручен агрономски совет и ќе се дискутира за тоа како метеоролошките податоци се користат за прецизно одредување на времето за наводнување, прихрана и заштита од болести и штетници.
Нашата цел е да ви покажеме како со помош на податоците да ги намалите трошоците, а да го зголемите квалитетот и квантитетот на вашиот принос.
Заедно градиме модерно и дигитално земјоделство!


