Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева денес престојуваше во клонот Темјанушка каде што заедно со најмладите сограѓани ја сподели радоста и возбудата во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници.
Градоначалничката Нацева заедно со Дедо Мраз на дечињата од клонот Темјанушка им поделија новогодишни пакетчиња и им посакаа многу здравје и среќа во Новата 2026 година.
Инаку, новогодишните пакетчиња се обезбедени од буџетот на општина Неготино и истите ќе им бидат поделени на околу 550 дечиња кои престојуваат во трите клона на неготинската градинка Фемо Кулаков, како и на дечињата кои престојуваат во други просторни услови во дел од населените места во општина Неготино. Како и на дечињата кои престојуваат во други просторни услови во дел од населените места во општина Неготино.

