Врз основа на член 27 став 5 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр. 32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2026 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино упатува:
Ј А В Е Н П О В И К
за организирање на јавна презентација и јавна анкета за нацрт план – Детален урбанистички план за Урбана единица 4, дел од Блок 13 (помеѓу улиците Маршал Тито, Ставре Ставрев и Ацо Аџи Илов), општина Неготино
Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека општина Неготино организира јавна презентација и јавна анкета за Нацрт- Детален урбанистички план за Урбана единица 4, дел од Блок 13 (помеѓу улиците Маршал Тито, Ставре Ставрев и Ацо Аџи Илов), општина Неготино .
Граници на планскиот опфат се:
– на северо-запад по осовина на сервисната улица “Маршал Тито” планирана со ГУП за Град Неготино (Одлука бр. 08-562/3 од 06.11.2020 год.)
– на северо-исток по осовина на сервисната улица “Ацо Аџи Илов” планирана со ГУП за Град Неготино (Одлука бр. 08-562/3 од 06.11.2020 год.)
– На југ по осовината на постојната улица “Ставре Ставрев”.
Опфатот е со површина од 0,68 ха.
Јавната анкета
Јавната анкета за нацрт план – Детален урбанистички план за Урбана единица 4, дел од Блок 13 (помеѓу улиците Маршал Тито, Ставре Ставрев и Ацо Аџи Илов), општина Неготино, според урбанистичка документација изработена од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ ДОО Скопје со технички број 75/2025 од декември, 2025 година, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино како и со објавување на планот во системот за е-урбанизам.
Јавната анкета ќе трае 30 (триесет) денови и тоа од 31. јануари. 2026 година до 02. март. 2026 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 03. февруари. 2026 година во 12:00 часот во просториите на општина Неготино.
НАЦРТ ПЛАН – ДУП за УЕ4, дел од Блок 13, Општина Неготино_signed (1)_compressed(1)
