Во рамките на четиридневната манифестација по повод празнувањето на Св. Трифун, со дегустација на вина и ракии започнаа активностите во склоп на настанот.
Радува фактот дека и оваа година интересот за доставување мостри од вина и ракии беше навистина голем што резултираше со импозантна бројка на мостри за дегустација.
Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева го посети настанот и беше запозната дека најголем дел од мострите се со одличен квалитет и дека комисијата ќе има навистина сложена задача да ги избере најдобрите вина и ракии.
Дегустацијата ја вршат стручни лица енолози од Здружението на енолози на Македонија, а наградите на најдобрите индивидуални производители ќе им бидат врачени во сабота на централниот настан по повод Св. Трифун.

