Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во присуство на голем број граѓани на општина Неготино, гости од земјава и странство, потпретседателот на Владата на Република Македонија и министер за транспорт Александар Николовски, министерот за земјоделие Цветан Трипуновски, носители на јавни функции на државно и локално ниво, на старата градска чаршија се одржа централната свеченост по повод одбележувањето на празникот на лозарите и винарите Св. Трифун.

Свештено лице од МПЦ Св. Атанасиј го изврши чинот на осветување на виновата лоза, а потоа заедно со потпретседателот на Владата Николовски и со мене како градоначалничка го извршивме свечениот чин на закројување на виновата лоза.

Во обраќањето, градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева на сите лозари им посака годинава да имаат богат и квалитетен род, истиот да го продадат по задоволителни цени и да им биде платен на време, а на винариите им посака да произведат квалитетни вина кои ќе ги пласираат на странските и домашните пазари.

На централниот настан, а по извршената дегустација, на најдобрите индивидуални производители во категориите бели, црвени и розе вина и ракии градоначалничката Нацева им врачи дипломи и им додели пригодни награди обезбедени од општина Неготино.

Одличното расположение кај присутните кулминираше со настапот на членовите на групата Некст тајм кои се претставија со богат репертоар на музички нумери кои во еден глас ги пееја заедно со публиката.

Close Search Window