Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Денеска градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева додели благодарници на сите кои дадоа придонес за успешно организирање и спроведување на настаните од манифестацијата ,, Недела на виното ” по повод празникот Св. Трифун, а воедно и јавно им се заблагодари на помагателите и учесниците на многубројните активности. Според Нацева, настаните беа беспрекорно организирани, со масовна посетеност на истите, голем број на гости од земјава и странство, а сето тоа за неа како градоначалничка и за општина Неготино претставува дополнителен мотив и стимул до година да се организира уште поквалитетна манифестација.

Благодарници им беа доделени на винарските визби Вардарска долина, Парагон, Венец, Пивка, на семејните винарии Орешкови, Налеј, Банго, Сотировски, Максимилијан, Михов, дестилерија Слоган, на Домашен неготински маџун, домашен маџун Лазарови и домашен маџун Филипов.

Благодарници добија и Музеј на град Неготино, ЈП Комуналец, Фолклорен ансамбл Ацо Ѓорчев, Здружение на винари Македонија, ОВР Неготино, Брза помош Неготино, ТППЕ Неготино, ЈП Паркинзи, Детска градинка Фемо Кулаков и Здружението на пензионери Неготино.

Close Search Window