Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање ( “Службен весник на Република Македонија” бр.199/14 и 44/15) Општина Неготино распишува:
ЈАВЕН ПОВИК
за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови
Секое заинтересирано правно и физичко лице во тек на јавниот повик може да достави иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови и тоа: детални урбанистички уланови, урбанистички планови за села и урбанистички планови вон населено место.
Иницијативите може да се доставуваат во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.
Предмет на иницијатива може да биде нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план.
Јавниот повик трае од 01.10.2015год. до 31.10.2015год.