Соопштение за организирање на Јавна анкета и Јавна презентација за Архитектонско урбанистички проект за оформување на градежна парцела на КП 2194 – дел, КО Криволак, согласно Општ акт за село Криволак, општина Неготино, намена А1- станбени куќи.
Граници на опфатот сe:
– на север – КП 2189, КП 2191, КО Криволак
– на исток – КП 2194, КО Криволак
– на југ – пристапна улица, односно КП 2194, КО Криволак
– на запад – КП 2193/1, КП 2193/2, КО Криволак
Опфатот е со површина од 0,108 ха.
Јавната анкета и јавната презентација на Архитектонско урбанистички проект за оформување на градежна парцела на КП 2194 – дел, КО Криволак, согласно Општ акт за село Криволак, општина Неготино, намена А1- станбени куќи, со технички број 01-05/2017 од мај, 2017 година, изработен од „АРХИКОНС“ Јован ДООЕЛ Кавадарци , ќе се спроведе со излагање на проектот во просториите на општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни денови и тоа од 08.08.2017 година до 14.08.2017 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со архитектонско урбанистичкиот проект можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на архитектонско урбанистичкиот проект ќе се одржи на ден 10.08.2017 година во 10.00 часот во просториите на општина Неготино.