Со почеток од 16,00 часот Советот на општина Неготино ќе ја одржи 8-та по ред седница на која на дневен ред ќе се најдат 17 точки за разгледување. Меѓу другото, советниците ќе расправаат по предлог решенијата за годишниот план за вработување на библиотеката Страшо Пинџур, основното училиште Гоце Делчев, музичкото училиште Владимир Арсовски, средното училиште Св. Кирил и Методиј и извештајот за работа на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење Неготино. На дневен ред ќе се најдат и предлог-одлуки од областа на урбанизмот, предлог-решенија за финансиска поддршка на клубовите и здруженијата од нашата општина, предлог-заклучокот за усвојување на извештајот за извршувањето на програмите на општината за минатата година, како и заклучокот за усвојување на годишната сметка на Буџетот на општина Неготино за 2017-та година.